Home » Моето искуство со Hyperemesis gravidarum

Моето искуство со Hyperemesis gravidarum

by mamma.mk

За мојот роденден сакам да го споделам моето искуство за со хипермезис гравидарум (ХГ).

За оваа тема кај нас воопшто не се зборува, па нека биде мој “подарок”за сите мајки кои се соочуваат со оваа состојба и им е потребна поддршка, да издржат и да се изборат со оваа состојба.

Пред да ја раскажам мојата приказна ќе ја споделам дефиницијата од учебник за оваа состојба. Хипермезис гравидарум e состојба во бременост која се манифестира со константно лошење, и доготрајно и повеќе кратно повраќање. Состојбата води до сериозна дехидратација, која може да биде животно загрозувачкa. Се смета дека од 1 од 100 жени имаат ваков тип на бременост.

Бременоста ја чекав со душа, ја планирав, и си замислував како ќе си вежам секое утро, ќе со спремам здрави оброци, ќе шетаме секоја вечер, ќе купувам и разгледувам работи за бебето, ќе слушам некои курсеви за кои нема да имам време по породувањето. Но, во мојот случај очекувањето и реалноста за тоа како ќе ми помине бременоста дефинитвно не ми се поклопија. До некаде очекував дека во првиот триместар ќе имам она што се вика утринско лошење (во некој дел од денот) ама ни на крај памет не ми падна јачината на лошењето и времетраењето на истото. Но, уште од 6тата недела ХГ ме тресна од земја и се соочив со повраќање кое ме парализираше во извршување на секојдневните активности и ме кутна во кревет, без енергија да се помрднам.

Во наредната недела состојбата само се влошуваше. Повраќав повеќе од 15 пати на ден, што беше приближно на саат и пол дење и ноќе. Се осеќав изнемоштено, не јадев не пиев ништо, туширањето беше невозможна мисија, бидејќи не можев да стојам. Осеќав константно лошење. Кога пробував да објаснам како ми е најблиска е споредбата со стомачен вирус, ама како моментот пред да повратиш.. Така 24/7. За среќа имав докторка која брзо ми констатираше бременост со ХГ и ми посочи дека ХГ не е обично утринско лошење. Веќе во 8,9, 10та недела бев на инфузии. Воопшто не јадев, а вода едвај пиев по една чаша дневно. самата помисла на храна ми предзвикуваше лошење, мирисите беа неподносливи, дури и гледање храна на инстаграм ме тераше да висам на коритото. Премногу бев дехидрирана и докторката одлучи дека со примањето инфузии ќе е најбезбедно.

После 12 недела се решив дека морам да продолжам и со работа. Среќа во несреќа е што беше корона па работев од дома, односно од кревет, со регуларни паузи за повраќање. Малку ќе ми олеснеше и после 15 минути пак се враќаше лошењето и припремата за следниот бран…Целата состојба и константнонто повраќање ме стопи и за овие почетни месеци јас изгубив 5кг.

Веќе на следната контрола докторката ми посочи дека ќе мора нешто да поткаснувам, ама за тоа ќе мораат да ми дадат и силни апчиња против лошење, што се даваат кај пациенти после хемотерапија. За да можам барем нешто суво да и вода колку толку да внесам во наредниот период.

Со апчињата кои во некои денови ги земаав на 24 саати, а во други денови и на 12 часа некако малце преживував до 6тиот месец. Од 6тиот месец можев да поднесам малце храна, без никаков зачин и јадев само неколку продукти кои беа протеини… варено пилешко месо, пола парче цел ден. Варено јајце.. тонус леб без квасец без ништо, компир и путер со сол.

Во овој период ми се појави и чуден феномен, што докторката ми објасни дека е преретко, дека има само некаде прочитано ама немала пациент со хиперсаливација, односно плунка која констатно се собира во устата. тоа беше врв на забавата. Одиш на доктор со кесичка за плукање… и така константно си плукаш едно меец дена дење ноќе. Да напоменам дека лошењето до крај не помина само со апчињата стана поподносливо. Апчињата прекинав да ги пијам дури во 8 месец и последните недели ги поминав со строга диета со намирнци кои организмот ми ги поднесуваше во мали колични и почесто во текот на денот.

Покрај физичкиот дел, ХГ прави и психички товар. Особено делот кога најблиските сакаат да ти помогнат, а не те разбираат ниту како се чувстуваш, ниту пак се едуцирани за сериозноста на ситуацијата. Не е убаво да се слушаат работи како пиј вода, ќе дехидрираш. Или мислиш така се станува мајка, не било лесно. Или еј и мене ми беше така тоа се само мачнини се ќе поминат, јади суви крекери… Дополнително е што се чувстуваш виновно дека земаш апчиња кои се пресилни, за го преживееш денот и констатно размислуваш колку ќе му наштетиш на детото.

Се тоа беше пропратено со изолираност и осаменост во текот на сите месеци, затоа што немаш енергија за ништо, да не зборувам дека не си среден, не изгледаш ниту се чувстуваш убаво во својата кожа. Не можеш да оствариш некои лични цели. Не е состојба што се разбира, додека не се доживее дефинитивно.

ХГ за мене беше едно тешко и истрошувачко искуства. Влијаеше и физички и психички. Никогаш не мислев дека нешто толку убаво како носење нов живот во тебе може да биде деструктивно и да остави печат и траума. Но, ова искуство со сигурност ме направи посилна, гледајќи од оваа перспектива јас сум горда на сама себе, се борев и ја добив битката.

Денес го имам во раце моето 7 месечно бебе, и секој ден се будам и заспивам со благодарност. Уживам во секој момент сега и верувам дека ова искуство допринесе да бидам свесно присутна и поинволвирана мајка во секој момент.

За крај неколку совети што би ги дала се:

  1.  Не ја слушајте околината (баби и тетки) за што да јадете и пиете ако имате прекумерно повраќање, слушајте доктор на кој му верувате и има искуство со водење на ваква состојба и слушајте го вашето тело.
  2. Подобро инфузија да примате неколку недели отколку да го силите телото да прими храна и вода. Само контра ефект и уште повеќе повраќање ќе имате.
  3.  Не не сте лоша мајка што не може да издржи лошење, едноставно состојбата е таква.
  4.  Најбитна е поддршката од партнерот.Тоа ми помогна најмногу, што ме држеше за рака дури повраќам, што ме гушкаше, што ми помагаше да станам на моменти, што имаше разбирање дека не можам да готвам за него или да бидам во близина додека јаде.
  5. Сите што поминувате и се борите со оваа состојба, знајте дека ќе помине. И ќе биде искуство кое ќе ве промени и направи посилни.

Ти благодарам од се срце  мамичке за споделеното искуство и што на толку детален начин ни го опиша и долови!!

Големаа благодарност до тебе!

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.