Home » 1 Месец бременост

1 Месец бременост

by mamma.mk

1 месец бремени? Честитки!

Дали знаевте дека всушност во 1вата и 2рата недела сеуште не сте бремени?

Се прашувате кога точно зачнавте? Доколку имате просечен циклус од 28 дена, тогаш најверојатно сте имале овулација 2 недели  по првиот ден од вашиот последен циклус. Тоа значи дека според овој начин на пресметување каде бременоста трае 40 недели, во 1вата и 2та недела сеуште нема бебе 🙂

Околу овој период се случува процесот на фертилизација, односно вашата јајце клетка и сперматозоидот на вашиот партнер се соединуваат во еден од двата јацеводи на матката и формираат 1 клетка. Каква прекрасна трансформација ќе следи! Од една еднинствена клетка ќе се формира вашето убаво машко или женско бебе. Оваа клетка започнува брзо да се дели и по 4 или 5 дена од фертилизацијата, сега веќе е топка од повеќе клетки наречена блатоциста и ќе се имплантира во вашата матка. Дел од овие клетки ќе станат вашето бебе, а дел, неговата плацента.

Симптоми кои може да ги очекувате во првиот месец се:

  • Мачнини
  • Осетливи гради
  • Зголемено чувство за мирис
  • Покачена температура
  • Умор
  • Подуеност
  • Гадење и повраќање
  • Метален вкус во устата
  • Но и многу мало крварење наречено имплантационо крварење

Во која недела дознавте за вашата бременост?

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.