Home » 10 интересни идеи за декорација за baby shower

10 интересни идеи за декорација за baby shower

by mamma.mk

Baby shower е забава која се одржува обично неколку недели пред мајката да го роди бебето. Овој вид забави се се попопуларни и на нашите простори а морам да признаам дека сметам дека е одличен начин  мајката да се забавува кон крајот на бременоста и секако да се подружи со нејзините другарки и блиски во една интересна атмосфера во чест на бебенцето кое е на пат. 

Инспирирана од мојата вчерашна baby shower забава која беше навистина преубаво изненадување решив со вас да споделам неколку идеи за декор за Baby shower.

  1.  Капкејс

Безразлика дали мајката очекува момче или девојче овие колачиња кои може да бидат декорирани со шлаг или со фондан мислам дека се must-have  за  овој тип на забава.

2.  Пуканки со знакче  READY TO POP 

Ова ми е многу интересна идеја, а пуканките може да бидат и во розева или сина боја во зависност од полот на бебенцето.

3. Декор на масата

Украсни тањирчиња, чашки, вилушки, лажичиња и салфетки  со некоја одредена тема ќе ја направат слатката маса да изгледа уште поинтересно.

4. Подарок за идната мамичка

Дали ќе биде блузичка со натпис идна мама, беџ или трака интересно е да и подарите  нешто на идната мамичка да го носи на овој настан.

5. Букви направени од стиропор

Може да гласат бебе, името на бебенцето или идна мама. Можете да ги украсите и со цвеќиња а секако да додадете и други детали за декор како балони, натписи итн…

6. Путер колачиња

Освен капкејс, путер колачињата навистина се хит на ваквите забави, може да ги направите или нарачате во форма на количка, цуцла, боди, тропалка, лигавче ….

7. Торта и поп кејкс

Baby shower  не би бил целосен без мала тортичка која може да биде украсена со името на бебeето, патичиња, играчки, мечиња, а одличен додаток на слатката маса се и поп кејкс кои изгледаат многу декоративно.

8. Пијалоци

Не заборавајте дека мајката не би требало да пие алкохолни пијалоци па така безалкохолни коктели или розева лимонада се одличен избор на пијачка за оваа забава.

9. Подарок за бебето

Нешто мало и интересно колку да се обележи настанот, може да биде практичен подарок како пелени, облеки или нешто сосема интересно и креативно.

10. Игри

И секако интересни игри во чест на бебето и мајката. На интеренет има многу интересни идеи за игри и квизови па така можете да ја направите забавата малку поинтересна со овие игри и прашања.

 

А секако има ли подобар подарок од подарокот на знаење. 

За baby shower можете  да и подарите на идната мамичка ваучер за пренатален курс од МАММА.МК и да и помогнете да се спреми за преубавиот период кој и претстои. 

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.