Home » 5 ПРАКТИЧНИ ПРИМЕНИ НА МАРАМАТА ЗА ПОВИВАЊЕ

5 ПРАКТИЧНИ ПРИМЕНИ НА МАРАМАТА ЗА ПОВИВАЊЕ

by mamma.mk

1.ПОВИВАЊЕ НА БЕБЕНЦЕТО

Повивањето на бебенцето е практика која се користела и во минатото и се почесто почнува да се користи и денес. Повивањето е всушност обвиткување на вашето бебе во тенко ќебе или марама за повивање, за да му помогнете на бебенцето да се чувствува безбедно и сигурно. Повеќе информации околу повивањето може да најдете на инстаграм профилот на мамма.мк.

2. ЗАШТИТА ОД СОНЦЕ

Сите со нетрпение чекаме да излезе сонцето за долги прошетки со нашето бебенце. Но понекогаш директната светлина може да му пречи на вашето бебе да го набљудува и разгледува надворешниот свет па може да ја поставите марамата на количката на тој начин што ќе му овозможи на бебенцето да си разгледува без сончевите зраци да му попречуваат во оваа активност.

3. ЗАШТИТА ЗА ВАШАТА ОБЛЕКА

Кога го храните вашето бебенце додека сте надвор од вашиот дом, практично е да си ја заштитите вашата облека со марама додека го подригнувате по оброкот.

4. ПРЕКРИВКА ЗА ДОЕЊЕ

Кога го доите вашето бебенце во јавност, иако тоа е сосема нормално, можеби чувствувате потреба да ги прекриете вашите гради додека му давaте да јаде.

Па така, марамата е одличен начин за да го сторите тоа.

5. ТЕНКА ПРЕКРИВКА

Во потоплите денови марамата некогаш може да ви послужи и како лесна прекривка доколку сте го заборавиле вашето тенко ќебенце…

Моделчињата за марамите за повивање може да ги најдете kaj  Elo

Photo credit: Elo.mk

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.