Home » 6 Twistshake производи кои ќе го направат воведувањето немлечна исхрана – задоволство!

6 Twistshake производи кои ќе го направат воведувањето немлечна исхрана – задоволство!

by mamma.mk

6 Twistshake производи кои ќе го направат воведувањето немлечна исхрана – задоволство!

Голем број од светските организации препорачуваат ексклузивно доење во текот на првите шест месеци од животот на бебто за здрави, доносени доенчиња. Мајчиното млеко е оптимална храна за бебенцата, а доењето може да продолжи до две години и понатаму.

Некаде околу 6тиот месец од животот на вашето бебенце, започнува забавата и време е за воведување на немлечна исхрана и пробување вкусови. Експресиите кои бебенцата ги прават на нивните лиценца кога првпат ги дегустираат овошните и зеленчукови кашички се едноставно непроценливи и ќе останат врежани во вашата меморија.

Дали првиот вкус ќе биде јаболче, крувче, морковче или нешто друго, вашето малечко ќе започне со откривањето на светот на вкусовите и ќе ја истражува храната.

Бебенцата уживаат и сами да дегустираат и се разбира во првите месеци тоа може да значи кашички и неред насекаде низ вашиот дом. 

Сакам да ви претставам неколку практични производи кои и самата ги користам за започнување на исхраната кај бебенце, кои ќе му овозможат на вашето бебе да ужива и да истражува во новиот период од животот, а се разбира се практични и лесни за употреба за нас мајките што е многу важно.

  1. Twistshake 2x Лигавче 4+m

 

Twistshake лигавчето е изработено од мека и удобна пластика и има длабок џеб кој ја собира храната што паѓа од устата на бебето. Лигавчето не и дозволува на  храната да се истури. Има лентата за врат која е прилагодлива и прилагодена големина, а тоа спречува да се заглави под масата. 

Кога бирате лигавче важно е дека е изработено без BPA, BPS и BPF и е безбедно за вашето дете и за Вас и што мене најмногу ми се допаѓа погодно е за машинско миење во горниот дел.

 2. Twistshake Подлога и чинија на клик

Ова мислам дека е мојот нов омилен производ кога станува збор за исхрана на бебенце. Twistshake подлогата на клик е навистина премногу практична и спречува истурање на храна и создавање неред.  Чинијата со само еден клик се закачува за подлогата, а подлогата на клик се лепи на масата или на тацната, со што е речиси невозможно да се придвижи. Изработена е без BPA, BPS и погодна за машинско перење.

 3. Прибор за јадење

Штом започне воведувањето на исхраната, бебето открива цел нов свет на вкусови, текстури, но и начин на внесување на храна кој му е тотално различен од предходно. Затоа е важно да имате прибор за јадење кој одговара на возраста и е безбеден за вашето бебенце. Ова сетче содржи ноже со безбедно сечило за сечење, лажица дизајнирана за големина на залак на мало дете и вилушка со нежни боцки кои лежат стабилно во раката на бебето и го поттикнуваат учењето.

 4. Twistshake Чашка со сламка

Ако барате чашка што е лесна за употреба, лесно се расклопува за чистење и е некапечка, тогаш Twistshake чашката со цевка е супер решение кога поголемите деца започнуваат со пиење.

 5. Twistshake Вреќичка за кашички

Вреќичката за кашички е погодна за било која ужинка на вашето бебенце, кога сте на прошетка или во движење. 

Вреќичките може да се полнат со домашно приготвени кашички или смути и се погодни за повеќекратна употреба.

Може да се мијат во машина и да се чуваат во фрижидер а, освен тоа дизајните се модерни и интересни.

 

6. Twistshake Шише топло-студено 

Twistshake Топло или студено изолираното шише е изработено од квалитетен не’рѓосувачки челик и благодарение на овој дизајн ги чува пијалоците топли или студени до 10 часа за вас и вашето бебенце. Има модерен, убав дизајн и шишето е заштитено со гумен слој. 

Дали веќе пробавте некој од овие производи ? 

Photo credit: twistshakemk

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.