Home » Славиме 3 години роденден, подароци и попусти за секој купен курс

Славиме 3 години роденден, подароци и попусти за секој купен курс

by mamma.mk
Пред три години, со срце полно со надеж и очи полни со страв, започнав со Mamma MK. Се сеќавам на тие први моменти, на неизвесноста и на прашањето кое не ми излегуваше од глава:
„Дали ќе успеам да допрам до барем една мајка?“
Тогаш, сè што посакував беше да помогнам на оние кои го поминуваат истиот пат како мене, да ги поддржам и да им го олеснам патувањето низ мајчинството.
Никогаш не можев да претпоставам дека Mamma MK ќе прерасне во она што е денес. Заедница полна со топлина, поддршка и љубов, место каде што секоја мајка може да најде одговори и радост.
Најубавото од сè е што заедно со тебе ги прославуваме највредните моменти – раѓањето на твоето бебе, првите чекори, првите насмевки.
Затоа, како знак на благодарност, по повод нашиот 3-ти роденден, подготвив нешто посебно за тебе
ЗА СЕКОЈ КУПЕН КУРС ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛИОТ МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ:
🎁 Подарок од Chicco: За секој купен курс во септември, добиваш подарок од Chicco на твојата адреса.
💸 20% попуст на сите курсеви: Искористи го кодот MAMMA20 во опцијата use coupon при купување на курсот за специјален попуст во септември и купи го кој курс сакаш на намалена цена.
🎁 Ваучер за попуст: Ексклузивен попуст од 20% во Енци Менци за Chicco производи, само за тебе ( спрецијално дизајниран на твое име за да можеш да си го искористиш за било какви производи за твоето детенце опрема, играчки, производи за доење, козметика…).
И многу многу други изненадувања!
Кога го започнав ова патување, не можев ни да замислам колку убаво ќе биде да споделувам сè со вас
Во текот на месецот, те очекуваат и наградни игри, бесплатни предавања и уште многу изненадувања.
Заедно создадовме нешто волшебно. Твојата доверба и присуство ни дозволија да растеме, да создадеме курсеви што ја подобруваат секоја мајка, и да создадеме прва бесплатна македононска апликација за бременост која им помага на мајките уште од самиот почеток.
Ти благодарам што си дел од нашата приказна и што ја правиш оваа заедница толку посебна.
P.s Доколку се среќаваш со некој проблем при логирање пиши ми на инстаграм за да ти помогнам.
Со љубов,
Сандра
Разгледај ги курсевите на овој линк

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.