Најпрво честитки!
Бременоста е еден прекрасен период кој е исполнет со широк спектар на емоции кои ве преплавуваат вам и вашиот партнер додека го чекате доаѓањето на свет на вашето бебе.
Можеби се чувствувате радосни и возбудени или пак загрижени и преокупирани со многу прашања, како ќе се породам, дали ќе почувствувам болка, како ќе ги препознаам првите знаци на породување, кога да заминам во болница, како да се грижам за моето бебе, како правилно да го дојам, капам, менувам пелена и сигурна сум дека уште многу други мисли и прашања секојдневно поминуваат низ вашите мисли.
Не грижете се, оваа програма е создадена токму за вас и вашите потреби и ќе ви помогне да научите повеќе за бременоста, симптомите, начинот на живот во бременоста, раѓањето, справувањето со контракции и грижата за новото бебе цо цел да ви помогне да се чуствувате поподготвено, но и да ги смири вашите стравови и да одговори на вашите прашања.
Со нетрпение ја очекувам нашата дружба.