Дали трудниците можат да пијат кафе?
Доколку нависина сте љубител на кафето и не можете да го замислите вашиот ден без кафе, тогаш можеби и сте се запрашале дали пиењето на кафе во бременоста е безбедно. Добрата вест е дека не мора целосно да се откажете од вашата љубов кон кафето додека сте бремени. Одговорот на прашањето дали трудниците смеат да пијат кафе е да, но треба да преземете ноеколку мерки на претпазливот. Во минатото, на трудниците жени им се советуваше целосно да го отстранат кафето од нивното мени како и другите форми на кофеин, но понови истражувања сугерираат дека умерени количини на кафе се безбедни во текот на бременоста.
Која е безбедна количина за кафеин и кафе во бременоста?
Препорачанаата количина на кофеин на ден е до 200 милиграми кофеин според препораките на ACOG што е околу на една шолја кафе на ден.
Иако нема јасни докази и истражувања големиот внес на кофеин се поврзува со зголемен ризик од спонтан абортус, ниска родилна тежина итн.
Што се случува кога пиете кафе?
Кога пиете кафе, докажано е дека кофеинот преминува од плацентата во плодовата вода и крвотокот на вашето бебенце. Иако на некои од вас кафето им годи имаат поголема енергија кај некои трудници може да се јават чувства на нервоза или да предизвика несоница, киселини и да ја зголеми потребата за често мокрење.
Внимавајте на другите извори на кофеин
Она на што мора да вимавате е да го ограничите внесот на кофеин до 200 милиграми на ден.
Обрнете внимание на храната и пијалоците кои ги конзумирате во текот на денот за да можете да имате идеја колку кофеин навистина консумирате бидејќи тој постои и во други производи како чоколадото, чаевите, некои пијалоци итн.
Сепак за оние кои не можат да си го замислат денот без кафе, ова е супер вест, па така уживајте во вашата кафе рутина и во бременоста се додека ги запазувате овие мерки.