Home » 5 РАБОТИ КОИ  ТРЕБА ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ВАШАТА ТОРБАТА ЗА ПЕЛЕНИ

5 РАБОТИ КОИ  ТРЕБА ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ВАШАТА ТОРБАТА ЗА ПЕЛЕНИ

by mamma.mk

1. ПОДЛОГА ЗА ПРЕСОБЛЕКУВАЊЕ

Кога излегувте на прошетка важно е со себе да носите се што ви е потребно во случај на мала “незгода”. Освен подлогата за пресоблекување не ги заборавајте сите останати потребни работи за пресоблекување како:

  • пелени
  • влажни марамчиња
  • креми
  • кесичка за валкани пелени

2. ЌЕБЕНЦЕ

Во зимските денови секогаш е убаво да се носи екстра кебенце, во случај едното кебенце да се извалка. Дури и во потоплите денови, пак секогаш советувам да се носи во торбицата како резерва бидејќи времето некогаш е непредвидливо.

        

3. ЕКСТРА КОМПЛЕТ ОБЛЕКА

Во торбата за пелени секогаш треба да има екстра облека за бебенцето па дури и може маичка за вас. Не заборавајте дополнително да ставите:

  • Боди
  • Облека
  • Лигавче
  • Чорапчиња
  • Капче

4. МАРАМА ЗА ПОВИВАЊЕ

Марамата за повивање, освен за повивање на бебето (доколу се решите да го повивате бебето) може да ви послужи за многу други примени како:

заштита за вашата облека додека го подригнувате бебето, заштита од директна сончева светлина( количката никогаш не смее целосно да биде покриена со марама додека бебето е во неа, секогаш мора да има провев и отворен простор за да го набљудувате бебето), прекривка додека го доите бебенцето доколку ви е потребна итн…

5. ЦУЦЛИ, ГЛОДАЛКИ И ИГРАЧКИ

И се разбира се она што подразбира утеха и забава за вашето бебенце доколку користите цуцли( 6+ недели) , глодалки, играчки, омиленото плишано мече итн…

Photo credit: elo.mk

Моделчињата на сликите се преземени од @elo.mk пресладок бренд за детски и бебешки производи.

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.