Како што го одминувате првиот триместар од бременоста и полека влегувате во вториот ќе забележите многу промени во вашето тело, вклучувајќи го и слаткото мало стомаче кое веќе започнува да се познава. Околу 13 – 20 недела ќе забележите дека некои од вашите алишта најверојатно повеќе не ве собираат.
Тука доаѓа и вечната женска изјава: “Немам што да облечам”, а и еден возбудлив период на шопинг кога ќе може да си се подновите со парчиња облека за трудници кои ќе ви бидат основната гардероба во наредните неколку месеци.
Секоја трудница и секое тело се различни и она што им се допаѓа на едни, на други можеби не им одговара на стилот. За среќа, породилната мода измина долг пат и сега има многу повеќе избор на облека за трудници отколку во минатото.
Ова се моите 5 предлози за парчиња облека за трудници кои се must-have во пролетната сезона
- Маичка по кратки ракави
За среќа доаѓаат топли денови, а секако прошетки на пролетното сонце се преубав начин за активност за секоја нормална бременост. Конфорна и удобна маичка по кратки ракави е дефинитивно нешто што треба да е дел од вашата гардероба. Кога купувате маички, може да изберете маички кои имаат отвор за доење, па така ова парче ќе може да си го носите и во вашиот постпартум период.
- Маичка по долги ракави
Пролетта знае да биде непредвидлива затоа е убаво да имате маичка по долги ракави за оние поладни вечери или студени денови. Изберете маичка која ќе ви се допаѓа, но пред се ќе ви биде и удобна и ќе се чувствувате слободно во неа.
- Фармерки за трудници
За љубителите на фармерки ова е парче облека кое дефинитивно ќе го исносите во периодот на бременоста. Фармерките за трудници изгледаат навидум како и оние обичните само што имаат еластичен предел околу стомакот кој овозможува удобност и слобода за растење на трудничкото стомаче. А, пресладок избор за труднички фармерки се и фармерките со трегери.
- Пролетно фустанче
Јас не можам да ја замислам пролетта без пролетни фустанчиња, па оттука и мојот предлог за пролетно секојдневно фустанче кое може да го носите на прошетка, на кафе или на работа. Фустанчињата се најлесен избор кога доаѓа прашањето “Што да облечам денес”?
- Фустанче за свечени пригоди
Доколку имате некоја прослава, свеченост, вашиот baby shower или едноставно сакате да изледате елегантно, тогаш на вашата листа за шопинг треба да додадете и едно фустанче за трудници кое ќе биде прикладно за посвечените моменти.
Доколку ви се допаѓаат моделите на сликите може да ги побарате во @mostlybabyshop каде има преубав избор за облека за трудници, доилки и новороденчиња.