Home » 7 Совети за успешно доење

7 Совети за успешно доење

by mamma.mk

Совет 1 Бидете посветени на доењето

Доењето иако е најприродната работа на светот за некои мајки може да не изгледа како лесен процес.

Вашата посветеност  во изборот да доите како и помошта од обучени професионалци, медицински лица, консултанти за доење може да ви помогнат да воспоставите успешно доење.

Совет 2 Едуцирајте се за доењето

Важно е уште во бременоста да се едуцирате за доењето, за бенефитите, потенцијалните препреки, функционирањето на процесот на доење, правилен фат на градата при доење… Можете да се едуцирате преку курсеви за доење, книги или други материјали. Вашето знаење може да ви помогне полесно да воспоставите успешно доење.

Совет 3 Поминувајте што е можно повеќе време со вашето бебенце

Уште од најраните моменти Близината, лежењето до вашето бебе, контактот кожа-до-кожа ќе му даде на вашето новороденче постојан пристап до градите за да се храни кога и да посака. Оваа близина исто така потикнува хормони за кои влијаат позитивно врз доењето и мајчиното млеко, а и ќе му помогне на вашето тело побрзо да закрепне. Гушкајте се со вашето бебе.

Совет 4 Избегнувајте шишиња и цуцли во првиот период

Избегнувајте шишиња и цуцли најмалку 4-6 недели и се додека не сте сигурни дека сте воспоставиле успешна лактација.

Совет 5 Не дозволувајте туѓите коментари да влијаат врз вашето доење

Не дозволувајте туѓите коментари и совети да влијаат на тоа кога и како го храните вашето бебе. Другите луѓе често ги споделуваат нивните мислења кога станува збор за доењето, но само вие знаете што е она што е најдобро за вашето бебе. Верувајте си на своите инстикти и правете го она што е најдобро за вашето семејство!

Совет 6 Имајте поддршка

Прашајте ги вашите блиски за совети за доење, осигурајте се дека имате поддршка во првите неколку недели во однос на доењето, како и побарајте контакти за поддршка за доење во вашата област. Зборувајте со вашиот партнер за значајноста на неговата поддршка во процесот на доење. потсетете ги вашите блиски дека со тоа што ќе ве поддржат вас, го поддржуваат и доењето на вашето бебенце.

Совет 7 Дајте си време

Бидете трпеливи со себе и со бебето, дајте си време, ќе има потешки и полесни денови. Важно е да бидете трпеливи и упорни, да побарате помош доколку ви е потребно и да знаете дека ќе станува се полесно како што вие и вашето бебенце се учите да се доите.

 

 

 

 

 

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.