Home » Што е Токсоплазмоза?

Што е Токсоплазмоза?

by mamma.mk

Toxoplasma gondii претставува паразит кој се наоѓа во сурово и недоволно варено месо; неизмиено овошје и зеленчук, почва,  контаминирана вода, места каде што може да се најде измет од мачки итн. Тоа може да предизвика болест наречена токсоплазмоза која може да биде особено штетна во бременоста,  за вас и за вашето бебе.

Како се пренесува?

Пренесувањето на овој паразит најчесто се случува преку јадење сурово или недоволно варено месо, не миење на рацете по ракување со сурово месо како и користење на прибор ножеви, прибор, даски за сечење и друга храна што имала контакт со суровото месо. Може да се пренесе и преку вода која е  контаминирана  или измет од мачка.

Кои се симптомите?

Симптомите кај некои жени воопшто не се забележителни и може да имаат токсоплазмоза без воопшто да се свесни за тоа. Затоа е многу важна превенцијата од токсоплазмоза. Симптомите генерално  вклучуваат: треска, отечени жлезди, главоболка, болка во мускулите или вкочанет врат. Токсоплазмозата може да биде тешко да се открие. Доколку искусите некој од овие симптоми, исконсултирајте се со вашиот лекар.

Кои се можните последици?

Кај бебињата, оваа состојба може да предизвика доста последици како губење на слухот, интелектуална попреченост и слепило. Раната идентификација и третман на деца инфицирани со е од суштинско значење за да се минимизираат ефектите на паразитот.

Како да превенирате појава на Токсоплазмоза?

Неколку начини да ја спречите појавата се миење редовно на рацете со сапун и топла вода по допирање на земја, песок, сурово месо, измет од мачки или неизмиени зеленчуци и овошје. Да водите грижа безбедно да ракувате со суровото месо во домакинството, и редовно да ги миете даските за сечење, ножевите со сапуница и вода доколку се контаминирани.

На часовите за пренатален период на мамма.мк се осврнуваме и кон безбедно ракување на храна и совети за безбедна исхрана во текот на бременоста.

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.