Home » Како влијае бременоста врз вашата коса?

Како влијае бременоста врз вашата коса?

by mamma.mk

Сосема нормална појава во бременоста се промени во косата. Доколку забележувате дека вашата коса се има сменето во текот на бременоста, не се грижете, како и во многу случаи поврзани со симптомите во бременоста, главни виновници за овие промени се хормоналните промени.

Промените може да бидат различни, некои мајки забележуваат побрз раст на косата, додека други пак забележуваат дека косата им е помрсна или пак посува.

Ова се неколку од најчестите промени кои може да се јават кај косата додека сте бремена.

  • Косата расте побрзо од вообичаено за време на бременоста.
  • Промени во текстурата за време на бременоста.
  • Косата е поразлетана во текот на бременоста.
  • Косата нема доволно волумен како предходно.
  • Косата е посува од вообичаено за време на бременоста.
  • Косата е покршлива од вообичаено за време на бременоста.
  • Косата е помасна од вообичаено.

Добрата вест ако не ви се допаѓа новиот изглед е дека овие промени не се трајни само треба малку трпение.

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.