Home » Моето породување во вода

Моето породување во вода

by mamma.mk

Многу пати имав гледано на телевзија и баш се прашував какво е чувството. Кога слушнав дека и кај нас е достапен овој метод на породување си реков ете шанса да пробаш 😄 ( секако доколку ги исполнував условите).

Докторот што ми ја водеше бременоста ми објасни за начинот и кои се условите за породување во вода пошто не секоја можи да се пораѓа во вода ( условите се бебето да е со главата надолу,мајката да нема висок крвен притисок, да не е близначка бременост, да нема претходен царски рез и не ми текнува уште нешто).

Дојде и денот на породување 😊.

Во 8:30 часот ме примија,условите за породување во вода ги исполнував(јеее 😊),сестрите ја спремија кадата за породување (негде 9 см. бев отворена кога влегов во кадата) и во моментот кога седнав внатре се осетив опуштено( водата е инаку 37 степени), болките со помал интензитет, напнувањето воопшто не болеше, исто и самото излегување на бебето воопшто не осетив болка.

Да напоменам епидурал не ставаат ако се пораѓаш во вода заради можни инфекции.

Моето сонце со две напнувања излезее 😇. Пак ќе речам болката беше многу минимална а чувството прекрасно 😊😇,веднаш си ја зедов во раце да се гушниме.

Штета што ја немаше оваа можност и за првото дете(првото пораѓање беше со епидурал).

Така да секоја што има можност и услови го препорачувам породувањето во вода пошто стварно е преубаво чувство.

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.