Бебушко ни се роди вчера! Една недела покасно од термин ама фала му на Бог супер помина пораѓајот и бебето е супер.
За жал не беше целосно спонтано, бидејќи влегував во 41 недела а моите контракции не беа регуларни ми ставија провокации и брзо реагираше моето тело и за 24 часа од провокациите се породив. Пораѓајот сам по себе супер помина и брзо и лесно со неколку туркања бебето си излезе, докторот многу добро ме водеше низ тој процес..❤️
Сите контракции си ги поминав лесно со техниките за дишење и вежби. Како бранчиња си ги фаќав и си наоѓав кои движења точно ми помагаат за кој тип на контракции.. Само последните контракции малку ме измачија дека два саати пред пораѓај лежев на кревет со ЦТГ и провокации и силни контракции без да можам да се движам и мрдам..ама фала му на Бог, Бог ми беше милостив и тогаш и ми даваше сила па ги издржав и нив со техниките за дишење и молитва..Докторите ми се чудеа кога ќе им кажев дека сум ок и дека не викав и реагирав на контркациите..
Така да дефинитивно сите техники кои ги учиш на курсот и други слични што гледав на нет помагаат многу при пораѓај.
Би препорачала на секоја мајка да се спреми пред пораѓај преку курс за да знае што ја очекува и како да реагира на различните работи кои докторите ги нудат или различните сценарија кои може да те снајдат. Јас осетив голема разлика помеѓу мојата самодоверба и знаење со другите жени кои беа примени со мене.
Фала ти што имаш направено таков курс и на македонски јазик. Особено ми е мило што знам дека има нешто квалитетно на нашиот мајчин јазик и што можам да го препорачам на пријателки особено на оние кои не знаат друг јазик.
Јас се изнагледав многу видеа и курсеви и на англиски, научив многу работи за целиот процес но кај твојот курс баш ми беше убаво што е многу добро организиран, секоја фаза ја опфаќаш редоследно. Практична и интелектуална подготовка. И дава и еден поглед кон тоа како се работите Македонија и што реално можеме да очекуваме во нашите услови. Што е многу важно за да се снајдеме кога ќе дојде моментот.
Ќе ми биде мило ако од мојата приказна повеќе жените се мотивираат да се информираат и спремат за породувањето.
претходна статија