Home » Бебето во стомакот на мама и бебето надвор во светот…

Бебето во стомакот на мама и бебето надвор во светот…

by mamma.mk

Транзицијата на бебето од матката во овој свет може да е една од причините зошто бебето сака да биде држено во раце кога ништо не му е потребно.

Контактот е есенцијален за да се воспостави успешно доење, но и начин да го утешите вашето бебе кога има физичка потреба од вас или не знаете што точно му се случува во моментот.

Држењето на вашето бебенце во раце нема да го разгали бебето наспроти некои размислувања, туку ќе му покаже на вашето бебе дека некој е тука за него кога тоа има потреба од физички контакт.

Со оваа споредба сакам да ви укажам на трансформацијата низ која минува бебенцето во првите денови и зошто контактот со мама и тато толку му значи.

Во стомачето на мама секогаш има храна, заштитено е и топло, постојано е до мама,  ги слуша звуците на функционирањето на телото на мама е и темно.

Во надворешниот свет може да му е ладно, светло, бучно, чувствува глад и жед и што е најважно не е постојано до мама.

Ќе се убедите наскоро дека блискиот контакт го смирува вашето бебе во одредени ситуации.

Гушкајте ги вашите бебенца за да ги утешите, дадете им ја сета љубов и топлина од мама и тато која им е потребна, така бебенцата се учат да веруваат, да се чувстуваат безбедно и да градат доверба дека некој е тука за нив да ги задоволи нивните потреби за љубов топлина и блискост!

 

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.