Home » Царски рез

Царски рез

by mamma.mk

Царскиот рез е хируршка процедура која се користи за да се роди бебето преку засек во стомакот и матката на мајката. Во многу случаи, царскиот рез се изведува кога природното породување не е возможно или не е безбедно за мајката или бебето.

Царскиот рез може да спаси животи во ситуации кога има компликации при породувањето кои се опасни по живот. Сепак царскиот рез е голема абдоминална операција и носи ризици како и секога друга операција за мајката и за бебето.

Според препораките царскиот рез најдобро е да се користи само во оние ситуации кога е медицински неопходен.

Каков вид на царски рез постои?

Царскиот рез може да биде закажан предвремено, може да се случи за време на породувањето и да имате време да дискутирате за ситуацијата и да поставите прашања, може да се случи брзо и итно без чекање или да станува збор за избор на мајката.

Што да очекуваме?

Обично мајката е будна за време на операцијата. Лекарите го прават засекот во стомакот и матката и потоа го извлекуваат бебето. Обично целата постапка трае околу 30-60 минути. По царскиот рез, мајката обично останува во болница неколку дена за да се опорави.

Причини за планиран царски рез:

  • Бебето е во неповолна позиција
  • Мајката или бебето имаат здравствени проблеми
  • Мајката имала претходно царски рез или друга хируршка процедура која може да влијае за повторен царски рез. Повеќе плодна бременост
  • Сексуално преносливи болести или активен херпес

Причини за НЕпланиран царски рез:

  • Предолга прва или втора фаза од породувањето.
  • Неочекувана компликација со здравјето на мајката или неочекувана компликација со здравјето на бебето. Диспропорција на главата на бебето и пелвисот на мајката
  • Пролапс на папочна врвца
  • Плацентарна абрупција

Ризици од царскиот рез

Царскиот рез инвазивна процедура и носи со себе ризици како што се инфекции, крварење, повреда на блиски органи и други проблеми.

Повеќе околу процедурата на извршување на царскиот рез , причините, ризиците и што да очекувате зборуваме на курсот за трудници.

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.