Програма: Како до успешно враќање на работа по породилно отсуство?
Овој онлајн курс е резултат на искуства собрани од над 300+ наши мајки што ги поминале предизвиците со коишто ти се соочуваш моментално. Овде ќе најдеш практични совети за секоја од твоите маки што ќе можеш да ги примениш уште истиот ден.
Целта на курсот не е апстрактно да зборуваме за темите што те мачат како нова мајка, туку да ти дадеме конкретни алатки за како ти да се справиш со проблемите. Сите совети се базирани на лични искуства од мајки од нашата заедница и се целосно апликативни на нашето поднебје (за разлика од рандом совети што би ги прочитала на Google).
Оваа програма опфаќа 28 одделни предавања на кои ќе имаш пристап во текот на 4 месеци од купувањето на курсот.
Предавањата можеш да ги следиш на www.mamma.mk со твое темпо, односно можеш да ги гледаш како видео или да ги слушаш како подкаст.
Со оглед на сите обврски што една мајка ги има околу детето, за да извлечеш најголема вредност, наша препорака е курсот да го гледаш/слушаш додека бебето спие или да го слушаш како подкаст додека се шетате со детето.
ПРОГРАМА на курсот
Секција 1: Подготовки за стартување на работа
Кои се најчестите општествени притисоци и стереотипи?
Како да се намали грижата на совест и чувството на вина?
Предности и недостатоци на опциите за чување на детето: градинка, баба, негувателка
Нејзиното Височество – баба
Дадилка – личност која поминува многу повеќе време со твоето најмило
Детска градинка – катче за стекнување на основите на квалитетен живот
Кој е најдобриот избор?
Како може партнерот да те поддржи во овие периоди?
СЕКЦИЈА 2: Враќање на работното место и справување со новите околности
Чек-листа за успешно враќање на работното место
Станувањето родител: Кариерно унапредување или уназадување?
Најчести предизвици на работно место како нова мајка
Доење и враќање на работа
Одмолзување и складирање на млеко
Како компанијата може да те поддржи како родител?
Кои се најголемите грешки што компаниите ги прават?
Како законот те заштитува како нова мајка?
Работа од дома vs. од канцеларија
Кој е твојот избор?
Како родителувањето те прави подобар професионалец?
СЕКЦИЈА 3: Тактики за балансирање на работата со семејството
Тактики за паметно менаџирање со денот и воспоставување баланс
Како максимално да го искористиш лимитираното време со детето?
СЕКЦИЈА 4: Како да си помогнеме да не го изгубиме разумот?
Стратегии за справување на работа од дома со дете
Што кога работиш од дома, а детето ти е болно?
7 Прашања што треба да си ги постави секоја мајка
КВИЗ: Колку сум прегорена?
Како да не се занемарам себе си?
7 изговори што треба да престанеме да си ги кажуваме
Придружување на групи за поддршка на родители
Освен предавањата курсот содржи и бонус подароци креирани од тимот на Working Mom:
Workbook: 6 прашања што ќе ти помогнат оваа да биде твоја година!
Дневен планер за зафатени мајки PDF спремен за принт
9 тактики за паметно менаџирање со денот и максимално искористување на лимитираното време што го имаш со децата
Можност да ни се приклучиш на нашата Working Mom newsletter и Viber заедница