Home » Грижа за ноктиња

Грижа за ноктиња

by mamma.mk

Ова е една од оние работи кои предизвикуваат страв кај многу нови родители. Често слушам како мајките се плашат да им ги сечат ноктињата на бебенцата бидејки се многу мали и нежни. Нема потреба од страв и грижа.

Бебенцата може да се родат со подолги ноктиња и малата контрола која ја имаат со рацете може да предизвика гребаници по нивното лиценце.

Доколку се грижите дека бебето нема да биде мирно додека ја обавите оваа задача може да почекате бебенцето да заспие и да пробате на тој начин.

Важно е да користите посебни ножички наменети за бебенца кои имат заоблени краеви со цел да се избегне евентуална повреда.

Постојат и тримери за ноктиња на батерии кои имаат додатоци погодни за различните фази на развој на бебето, вакви сетчиња за нега може да најдете кај @babymaybe.mk

Во меѓувреме додека собирате храброст да ги исечете ноктињатa може да му ставите на бебeто ракавички за да го заштитите да не се изгребе, но се разбира тоа да не биде подолг временски период бидејќи неодамнешни истражувања покажуваат бенефити од раните допири на бебето со раката и укажуваат дека рачето треба да е слободно да истражува и допира.

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.