Home » Како партнерот може да ве поддржи за време на бременоста

Како партнерот може да ве поддржи за време на бременоста

by mamma.mk

Татковците и партнерите не само што се есенцијален дел од тимот за негата на бебе туку и негувател и поддржувач на мајката во периодот на бременост и по раѓањето на бебето.

Партнерите имаат огромна улога во овој период тие ги делат емоциите, очекувањата, одговорноста и секако грижите кои доаѓаат со новото бебенце.

 

Помогнете и со чувството на умор

Кога размислувате за уморот кај вашата партнерка имајте на ум дека таа е во процес на создавање на едно ново мало човече, и е најверојатно поуморна од тоа што вие би претпоставиле дека може да биде, па затоа помагајте и околу домашните обрски како грижата за машините, правосмукалката, оброците и на тој начин дозволете и да одмори кога е уморна.

 

Придружувајте ја на пренаталните прегледи

Секогаш кога можете одете придружувајте ја вашата партнерка на пренаталните прегледи, таа ќе ја цени вашата инволвираност и посветеност, а сигурна сум дека и вас ќе ви биде убаво да ги следите овие прекрасни промени во вашиот живот како и развојот на бебето. Од друга страна овие посети ви даваат можност и вие да го прашате вашиот лекар за се она што ве интерсира околу бременоста и вашето бебе.

 

 Поддршка во здравиот начин на живот

Поддшката е се! Може да бидете морална поддршка за вашата партнерка во здравата бременост и да и помогнете да ги одржи здравите навики во временоста така што ќе вежбате заедно, ќе на намалете внес на алкохол, ќе јадете здраво, ќе готвите и купувате здрава храна…

 

Поддршка во едукацијата во текот на бременоста

Супер идеја е заедно да ги следите пренаталните часови, особено оние посветени за бременоста и негата на бебе. Во оваа авантура сте заедно со вашата партнерка и сигурно и вие имате многу прашања кога станува збор за бременоста, грижат за бебето, начинот на исхрана и така натаму.

 

Поврзување со бебето во бременоста

Врската меѓу таткото и бебето е многу важна затоа слободно поврзувајте се со вашето бебе, доколку ви доаѓа природно, зборувајте му, пејте му, галете го стомачето на мајката, докажано е дека бебето слуша звуци во стомакот и по раѓањето тоа ќе може да го препознае вашиот глас!

 

Бидете тим во првичната грижа за бебето

Обидете се да земете одмор кога ке дојде новороденчето на свет, со цел да бидете заедно, да и помогнете на мајкаат ококу грижата за бебето и секако да се грижите за него како тим.

 

Правете заедно работи поврзани со бебето

Правете ги заедно работите поврзани со бебето како шопингот за облека, декорирање на собата, избирање на името на бебето, планирањето и подготвувањето за неговото доаѓање.

 

Бидете подготвени  на промени во расположение

Бидете подготвени  на промени во расположение кај вашата партнерка, тоа е поради хормонскиот дисбаланс кој предизвикува да има периоди кога има премногу позитивна енергија и периоди кога е под стрес и ништо не е како што треба. Бидете трпеливи, бременоста нема да трае засекогаш.

 

 

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.