Home » Која недела сум бремена?

Која недела сум бремена?

by mamma.mk

Честопати мајките се малку збунети во однос на тоа во која недела или месец од бременоста се наоѓаат. За да го следите растот и развојот на бебето а и да следите постојано во која недела сте постојат и бројни апликации на телефон.

Сепак сакам со вас да споделам еден начин на кој, Сара Овен, авторка на „Целосен водич за бременост и грижа за децата“, помага да се расчисти конфузијата околу неделите на бременост, поврзувајќи ги со возраста на бебето. Кога бебето ќе наполни една година, тоа ги завршува првите 12 месеци од животот.

Иако влегува во втора година, велиме дека бебето има една година.

Слично на тоа, кога ќе ја завршите првата недела од бременоста, познато е дека сте една недела бремена, иако влегувате во втората недела од бременоста.

Во таа смисла разбирање на термините и броењето на неделите на бременостa всушност би одело на овој принцип:

Во првата недела од бременоста, велиме дека сте бремени нула недели.

Во втората недела од бременоста, велиме дека сте една недела бремена.

Во третата недела од бременоста, велиме дека сте две недели бремена..

И така натаму.

Поради оваа причина, кога ќе ја пропуштите првата менструација, сте бремени четири недели иако сте во петтата недела од бременоста.

Се надевам авторката Сара Овен со ова едноставно објаснување успеа малку да ви ја расчисти конфузијата околу процесот на броење на неделите во бременоста.

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.