Home » Користење на шишенца, како да изберете шише, кога и како да го користите?

Користење на шишенца, како да изберете шише, кога и како да го користите?

by mamma.mk

Новите мајки често може да бидат изненадени од големата понуда и разновидност на различни видови шишиња и цуцли што постојат на пазарот кога ќе одбираат шишенце за своето бебе.

Се разбира, некои бебиња ќе бидат задоволни со било какво шише, додека други пак ќе претпочитаат еден вид шишиња и цуцли отколку други. Понекогаш новите родители треба да се подготвени да испробаат неколку видови шишиња и цуцли за да најдат комбинација која ќе му годи на бебето и ќе биде  лесна за употреба.

 Доколку доите може во одредени ситуации да одберете да му давате на бебето понекогаш измолзено мајчино млеко во шишенце или пак да го храните со формула или во комбинација со формула и доење. Доколку доите, според препораките најдобро да се избегнува употребата на шише во првите 4 – 6 недели, доколку е можно или додека лактацијата не е целосно успешно воспоставена.

Како да одберете шишенце за новороденче?

 Шишињата и цуцлите постојат во различни форми, материјали, големини и начини на проток. Обично за новороденче предлагам употреба на шише со мала големина и поспор проток и како што бебето ќе расте протокот може да се зголемува според потребите на бебето.

 Доколку изгледа како на бебенцето да му доаѓа премногу млеко, тогаш протокот може да е премногу силен, доколку изгледа како бебето да се фрустира и премногу силно влече можеби во тој случај протокот на млеко е премногу слаб.

Секогаш одбирајте шишенца што се BPA – free. 

Можеби сте слушнале за хемикалијата која се користи во пластиката наречена Бисфенол А (или почесто БПА). Има извештаи дека оваа хемикалија, која се користи во пластиката на многу шишиња за бебиња, може да има негативни здравствени ефекти, затоа барајте го знакчето без БПА (BPA FREE) кога бирате шишенце.

Многу шишенца имаат антиколик систем со кој се смета дека ја намалуваат појавата на грчеви кај бебињата.

Како да го позиционирате новороденчето?

Држете го бебето така што главата ќе му биде на повисоко ниво од телото. Држете го шишенцето хоризонтално, бидејќи оваа позиција му дозволува на бебенцето да цица од шишето наместо млекото слободно да истекува во неговата уста. Овој начин на позиционирање може да помогне во первенција од прејадување и ушни инфекции. Може да ја менувате страната на половина од јадењето, на тој начин бебето нема да преферира одредена страна на јадење. 

Секогаш држете го шишето се до моментот кога вашето бебе не е способно самото да го држи во рачињата.

 Мојот избор на шишенце 

Photo credit: Twistshake.mk

 Мојот избор овој пат е Twistshake шишето за бебиња. Секое шише има и практичен сад за прашок, како и мрежичка за мешање доколку користите формула. Има антиколик TwistFlow систем на течење и широк врат, со што е лесно за чистење. Секако е без BPA, BPS и BPF, безбеден и за вас и за вашето бебе.

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.