За време на бременоста, срцето работи понапорно од вообичаено со цел да обезбеди соодветна исхрана за бебенцето. Телото го зголемува волуменот на крвта за отприлика 30-50%. Поради ова зголемување на волуменот на крвта, важно е бремените жени да го зголемат и внесот на фолна киселина и железо во нивната исхрана.
Правилната и здрава исхрана може да ја спречи и анемијата поради дефицит на железо за време на бременоста.
Изворите на железо кои ги има во месото, растенијата и суплементите (доколку се препишани од лекар) може да помогнат во зголемување на волуменот на крвта, а со тоа и да помогнат во спречување на анемија.
Важно е да внесувате различни извори на железо заедно со храна богата со витамин Ц и на тој начин да му помогнете на вашето тело да го апсорбира железото.
Некои намирници со високи нивоа на железо вклучуваат посно црвено месо, грав и зелен зеленчук.
Избегнувајте да внесувате храна богата со железо во исто време кога консумирате намирници кои го инхибираат железото како цели зрна, мешунки и млечни производи.
Доколку во вашата ситуација сепак е неопходен додаток, вашиот лекар може и да ви препише дополнителни суплементи.
Храната со витамин Ц помага во апсорпцијата на железото па така производи кои содржат добри извори на витамин Ц се цитрус, јагоди, киви, малини, диња, пиперки, компири и домати.