Home » Авицена Лабораторија воведе нови генетски тестови за неплодност, наследни видови рак и неонатален скрининг кај новороденчиња

Авицена Лабораторија воведе нови генетски тестови за неплодност, наследни видови рак и неонатален скрининг кај новороденчиња

by mamma.mk

Водечкиот бренд на лабораториски услуги – Авицена Лабораторија, следејќи ги сите напредни трендови во технологијата, медицината и лабораториските услуги, на нашиот пазар воведе револуционерни тестови за неплодност, генетски тестови за наследни видови рак и неонатален скрининг кај новороденчиња.

Авицена Лабораторија го претстави своето најново портфолио генетски тестови, кои ќе им помогнат на пациентите да добијат најдобра можна дијагностичка услуга, за која не е потребно да ги посетуваат лабораториите во странство, туку отсега тестовите од светски размери кои се применуваат во најсовремените медицински центри во светот, се достапни и во нашата држава.

Авицена Лабораторија ги претстави новите брендови:

“Oreana” – Тест кој овозможува детална генетска слика за здравјето на новороденчиња, доенчиња и мали деца. Тестот е развиен со помош на најнова генерација биоинформатичка анализа и помага да се детектираат 106 нарушувања кои можат да направат пречки во развој кај децата.

“Presentia” – Генетски тест за детекција на мутации кои предизвикуваат наследни видови рак на дојка, јајници и рак на матка. Тестот претставува револуционерно решение за предвидување ризик од рак како и помага на оние пациенти кои веќе се дијагностицирани со болеста, да ја дознаат причината за појава на ваквата состојба.

“Rodinia” – Генетски панели за откривање на причината која предизвикува неплодност кај мажи и жени. Овие два панели, панел за „женска“ и панел за „машка“ неплодност можат да им помогнат на паровите и младите лица, успешно да го детектираат генетскиот причинител кој ја предизвикува неплодноста, да ја спречат оваа состојба и да започнат навремен третман.

Авицена Лабораторија уште еднаш докажа дека е бренд кој континуирано вложува во развојот и подобрувањето на лабораториските услуги во нашата држава и е во чекор со последните достигнувања во медицината.

За подетални информации во врска со новите тестови воведени од страна на Авицена Лабораторија посетете ја веб-страница www.avicenalab.com.mk

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.