Home » Позиција за доење – Лулка

Позиција за доење – Лулка

by mamma.mk

Оваа е лесна и широко распространета позиција која сигурно сте ја виделе кога некоја мајка го дои своето бебе.

Држете го новороденчето во левата рака/десната рака, со главата на доенчето во близина на свиокот од лактот. Со истата рака придржувајте го грбчето, газето и долниот дел на бебето.

Бебето може да ви биде во скут или на перница доколку ви е поудобно. Целото тело треба да е свртено кон вашето во права линија а, долното раче на бебето вметнете го под вашата рака. Со другата рака може да ја поддржите раката на која лежи доенчето или пак да ја поддржите вашата града.

Оваа позиција …

  • Оваа положба ви дозволува да набљудувате дали кај бебето постои ефективен фат на градата, а доенчето добро се прицврстува.
  • Мајката може да се чувствува удобно и самоуверено да го држи детето на овој начин. Ова е вообичаена позиција и доста позната.

Кога учите да доите, оваа позиција може да претставува предизвик поради неколку причини:

  •  Мајката може да чувствува дека има минимална контрола над главата на своето бебе.
  • Може да има потешкотии да постигне длабок фат.
  • Генерално избегнувајте ја оваа позиција кај раните или доцните предвремено родени бебиња, бидејќи овие доенчиња често имаат низок мускулен тонус.

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.