Home » Емотивна приказна за породување во 28мата недела

Емотивна приказна за породување во 28мата недела

by mamma.mk

Ин витро бременост после 4 неуспешни. Цела бременост ризична со Ванисхинг синдром првиот месец, крварење… Првите 3 месеци претешки со премалку храна поради Хипермесис гравидариум-недијагностицирано, клексани скоро цело време, потоа откриен гестациски дијабет и 28 +6 дента бев на преглед кај матичната и се беше во ред, за неколку часа добив болки, итен царски на клиника.

Престресно, престрашно, неописливо чувство, несигурност и себеобвинување. 5 дена во болница кога фала богу ми дозволуваа да ја видам срцката, премала со илјада цевки и инфузии на неа. Не знаеш како да реагираш, а срцето ти се кине.

Во соба си со жена која има бебе до неа, и го носат на цицање, ти си со празни очи и раце.

Плачеш. Уште повеќе кога си одиш дома сама. 2 месеци не ми дозволија да ја видам поради Ковид мерки. Не знам колку пати ги молев дека секој ден ке прават тест, ама џабе. Издржав единствено со тоа што пумпав на секои 3 часа, млеко ми дојде уште во болница, сама побарав пумпа да ми носат. После дома си набавив. И успеав. И зачував многу млеко.

После дооолги 2 месеца неизвесност, чекање од 4 до 5 да успееш да добиеш на тел информација од 1 мин, ми се јавија да ја земам дома. Превозбудени бевме и преуплашени. Многу тежок е првиот период дома, не знаеш, што и како затоа сто бебето е премало. Инес се роди 1315гр 38 см, а ја испустија со 1970гр. Благодарна сум и на една од сестрите која ми испраќаше слики и некоја информација плус, па ме спаси.

Секое праќање слика, млекото повеќе ми течеше, а замислете да ми беше тука бебцето.

Нажалост не ми го примија млекото на Оинт. Кога дојде дома го испи цело. Плус се пумпав реал тиме, затоа што немаше сила душата да цица, дури после 3,5кг успеа, но мене млекото ми се намали и тоа беше уште една тешка борба. Power пумпинг правев но не успеав.

Прво во болница дојде др Денис кој се ми кажа како поминало со пораѓајот и како е бебцето, како го реанимирале и дека е засега стабилно. Додека пак во соба кога дојдоа на посета некои доктори коментираа како во 28ма недела, не треба да се надевам многу и дека во оваа недела родени бебиња не кажуваме добри вести. Преголем шок.Фала богу Инес е здрава и нема последици…

Др.Денис и организација Лулка општо ми помогнаа како поддршка , се вклучувавме во живо и ни даваше совети. Др.Денис и беше тотална поддршка во најтешките моменти.

Сепак сум задоволна, сто е жива и здрава, сега напредува, направивме 9 месеци, 6 корегирани и одиме напред

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.