Home » Враќање на работа – Моите мисли, чувства и совети

Враќање на работа – Моите мисли, чувства и совети

Моите мисли, чувства и совети

by mamma.mk
Здраво јас повторно ви споделувам една лична приказна.
Не ни можев да претпоставам дека волку интересно, полно со емоции и испирација за пишување и споделувсње ќе ми донесе мајчинството, но ја обожавам оваа нова улога и верзија од себе. За моето искуство со бременоста веќе пишував.Целото тоа исцрпувачко искуство и физички и психички за мене донесе огромен емоционален раст. Затоа од моментот кога е родено моето бебе, уживам присутно секој момент. Да се разбереме почетниот период на навикнување на новата улога, предизвиците со доење и неспиење се дел од родителството и искуства сами по себе.
Но, целово патување од скоро 11 месеци со моето бебе за мене е огромно ужување. Секој ден насмевки, игри, заспивање во раце, прва кашичка, прво лазење, првото мама и мојот дотогаш познат свет се заврти и новата реалност ми стана омилена. Мислам дека баш поради тоа што толку свесно и присутно уживав секој ден како за ниедна работа до сега во мојот живот, тешко ми паѓаше помислата да се вратам на работа. Како се наближуваше крајот на моето породилно отсуство, така јас водев борба со времето. Секој ден посакував да успори и да не расте толку брзо моето бебе. И како секоја голема промена и враќањето на работа јас го проживеав со измешани емоции. Во исто време јас сум човек што сака да работи, секогаш сум се вложувала на работното место, ја сакам мојата професија и се дообразувам постојано и градам кариера во посакуваната насока.
Но, никој не ме предупреди дека враќањето на работа може да биде емоционален предизвик.
Среќна сум што работата на себе сите години наназад, ми помогна свесно да ја препознаам, прифатам и надминам оваа транзициона фаза. Сега после месец дена откако се сталожија чувствата можам да споделам како јас и ја надминав таа транзиција и се прилагодив на новото секојндевие. Па можеби следните совети ќе и бидат од корист на некоја мајка што треба да се врати на работа во следниот период.
1. Во ред е да ги имаш сите емоции! Некој како мене може да се осеќа ептен тажно и на самата помисла на оставње на детето толку саати да си плаче на моменти. А, некој може да осеќа и возбуда, олеснување што се враќа на работа! И тоа е во ред! Сите емоции се во ред! Јас ги препознав моите емоции и им дозволив да испливаат на површина, не ги потиснував. Неколку недели си бев како во една носталгија, за сите работи што нема да ги правиме заедно. Но, кога осетив чувство на вина, тоа ми беше најтешко. И тука морав да навлезам подлабоко во моите емоции и да го најдам коренот. Вината е емоција која се јавува кога правиме нешто грешно. Но, кога ја разложив равенката дека одење на работа и личен развој и носење пари дома не е нешто грешно, ми дојдоа некои работи на место. Па останав да се само со чувството на тага и чувството дека не е природно да бидам одделена од моето бебе.
2. Убаво би било да најдете група за поддршка и да се опкружите со мајки кои веќе поминсле низ истото. Им благодарам на сите мајки кои ги запознаввпослениот период на инстаграм за убавите зборови, разбирање и поддршка прелу личен пример. Мене многу ми помогна да знам дека не сум сама и дека сите имале такви мисли, но дека со тек на времето си направиле нова рутина и поминуваат квалитетно време со своите деца.
3. Ако имате потреба и можност и разговор со психолог носи многу бенефити. Јас веднаш после една сесија се чувстував поубаво, посамоуверено и помирно.
4. Следно што правев последните недели е што вежбавме одвоеност постепено зголемувајќи ги саатите. Првите денови по два саати со баба и да седи во нашиот случај. Ако треба да оди во градинка детето е убаво е да се навикне на дворот прво , на дечињата, па и на новите учителки. Претпоставувам кога ќе докде ред и за тоа ќе се спремам зошто тој момент има друга процедура. Наредните деново по три/четири часа и така зголемувавме до вистинскиот ден кога ме немаше шест саати. Мислам дека овој процес многу ми помогна и на неа и на мене.
5. Многу ми помогна тоа што некаде прочитав дека бебето полесно се навикнува на промена од тоа ние што мислиме. И си ја ставив таа реченица на видно место за да ми влезе во глава, дека за бебето тоа не толкав проблем како за нас.
6. Затоа дајте си време за промената и новата нормална рутина. Вие девет месеци вежбавте како да бидете само со вашето бебе, дајте си време барем неколку недели и за ова. Секако, ако работите работа што ка сакате прилагодувањетоќе ви биде полесно. Ќе се изненадите од сами себе дека дури ќе имате повеќе сила, енергија и желба за игра со вашето бебе после завршување на работно време.

За крај сакам да ви кажам дека доаѓањето дома од работа никогаш не ми било поубаво!

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.