Додека се приближувате кон прекрасното искуство на породувањето, природно е да се појавуваат различни стравови и неразбирливи емоции.
Но зошто е важно да ги превземете и се справите со овие стравови пред самото породување?
Стравот може значително да влијае на искуството од породувањето и да предизвика физички реакции во телото, како зголемен крвен притисок, зголемена брзина на пулсот и присуство на хормони на стрес. Овие физички реакции можат да влијаат на работата на вашето тело при породувањето, што може да ги затежни или усложни конракциите и процесот на породување. Освен тоа стравот може да предизвика и емоционални реакции какоинтензивни емоции, анкциозност и паника, кои можат да влијаат на вашата способност да се опуштите и да се фокусирате за време на породувањето.
Програмата “Ослободи се од твојот страв од породување” е наменета за бремени жени кои сакаат да ги надминат своите стравови поврзани со породувањето.
Во рамките на 5 дена, работилницата нуди структуриран и информативен пристап со цел да ве информира за влијанието на стравот врз породувањето, да ви помогне да ги препознаете и анализирате своите стравови, да го разберете потеклото и влијанието на истите и да развиете сопствени стратегии за надминување на стравот.
Преку различни активности, вежби и дискусии, ќе имате можност да го идентификувате својот страв, да ги разгледате неговите причини и влијание и да работите на ослободување од истиот. Исто така, работилницата вклучува онлајн средба за вашите прашања и одговори на 19.07.23 каде што ќе разгледуваме различни сценарија за породување.
Програма на работилницата:
Ден 1: Запознавање и објаснување на влијанието на стравот врз породување
Ден 2: Идентификација на вашите стравови
Ден 3:Анализирање на стравовите, нивните причини, информации поврзани со вашиот страв и наоѓање решенија Ден 4: Развивање на стратегии за надминување на стравовите и техники за породување техники за дишење техники за афирмација техники за релаксација техники за медитација
Ден 5: Онлајн средба за прашања и одговори и сценарија за породување
Бонус: Ден 6. Што понатаму?
Оваа работилница е дизајнирана да ви помогне да изградите самодоверба, да се подготвите за породувањето и да ви помогне да го направите искуството со породувањето едно позитивно и емоционално задоволство.
За кого е наменета?
- За идни мамички во 2 или 3 триместар кои сметаат дека имаат страв од породувањето или страв од некој аспект од породувањето
- За идни мамички кои веќе имале негативно доживување за време на породувањето и стравуваат како ќе се одвива наредното
Бројот на учеснички е ограничен поради индивидуалната консултација и комуникација 1 на 1.
Со радост ја очекувам нашата дружба!
Влезница за работилницата може да го купите на следниот линк: https://mamma.mk/course/rabotilnica/