Home » Совети за здрава бременост

Совети за здрава бременост

by mamma.mk

Често кога мајките дознаваат дека се бремени, се чувствуваат дека влегуваат во една сосема нова територија и често овој период знае да биде предизвикувачки за новите родители во однос изборите кои треба да ги направат во понатамошниот период, како и процесирањето и употребата на сите оние бројни информации кои ги имаат на дофат во однос на бременоста, породувањето и понатаму родителството.

Секако безразлика дали се размислува за идна бременост или бебето е веќе на пат секогаш е добро време да се воведат здрави навики.

Во однос на здравите навики во бременоста важно е редовно да се оди на пренатални прегледи, да се практикува здрава исхрана со разноврсни здрави намирници и да се внесуваат доволно течности.

Вежбањето во бременоста носи многу придобивки, па така, доколку предходно е одобрено од лекар, препорачливо е идната мајка да биде активна и да вежба вежби кои се прилагодени за трудници.

Треба да се избегнува внес и изложеност на штетни супстанци за мајката и нејзиното бебе како алкохол и цигари и други штетни супстанци,  да се минимизира стресот во бременоста може и преку користење на различни техники за намалување на стрес и секако доволно одмор и сон.

 

Сметам дека е значајно мајката да се едуцира што е можно повеќе околу овој период, какви промени настануваат во нејзиното тело и да знае што би можела да очекува затоа курсот за трудници е навистина од големо значење и нуди совети за сите овие здрави навики кои треба да се практикуваат за една здрава бременост.

 

 

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.