Home » ПРИРОДНА И ЕФЕКТИВНА ЗАШТИТА НА КОЖАТА ИЗЛОЖЕНА НА СОНЦЕ

ПРИРОДНА И ЕФЕКТИВНА ЗАШТИТА НА КОЖАТА ИЗЛОЖЕНА НА СОНЦЕ

by mamma.mk
 Денот поминат во природа на сонце е радост за децата! Важно е да бидеме претпазливи со детската кожа која е изложена на сонце. Таа е пет пати потенка од кожата на возрасните, сè уште не е потполно развиена, особено функцијата на меланоцитите (клетки кои создаваат пигментот кој има заштитна функција – меланин), кохезијата помеѓу клетките е послаба поради што е олеснето продирање на УВ зрачење преку бариерата на кожата а тоа значи за краток временски период на изложување на сонце може да се предизвикаат изгореници. Поради тоа детската кожа има потреба од посебна нежна нега и грижа.
Како да одбереме соодветна заштита за кожата изложена на сонце?
Дерматолозите препорачуваат да се користат производи за заштита од сонце со минимум СПФ 30 кој блокира 97% од УВБ зраците до СПФ 50, кој блокира 98% од УВБ зраците.
Кога е правилно нанесена ,сончевата заштита со СПФ од 30-50 и со широк спектар нуди соодветна заштита, дури и за оние фототипови кои се најчувствителни.
 
При изборот на фотозаштита родителите треба да се фокусираат на составот на препаратот треба да има  минерални филтри, кои нема да се апсорбирааат во тенката детска кожа. Минералните филтри, или како што уште се нарекуваат физички филтри, делуваат како штит, како физичка бариера. Откако ќе се нанесат на кожата,тие остануваат на површината и го блокираат УВ зрачењето главно со рефлектирање, расејување и прекршување на зраците како огледало.Овие формули обично оставаат бели траги на кожата.Минералните филтри ги блокираат УВ зраците веднаш по апликацијата и покажуваат одлична толерантност кај чувствителните типови кожа и кај малите деца.
 
Важно е да се знае дека производите за заштита од сонце имаат целосен ефект само доколку се користат во доволни количини. Правилната примена е исто толку важна како и изборот на самиот производ. За да се достигне заштитата наведена на “факторот за заштита од сонце” ,треба да се примени количина од 2мг/см2. Покрај тоа, од клучно значење е овие производи да се ре-аплицираат за да се одржи фотозаштитата (отприлика на секои 2 часа), особено по пливање, капење, бришење со пешкир или потење .
 
Препораките на Аmerican Academy od Dermatology се следни:
Бебиња до 12 месеци: да се избегнува дирекно изложување на соне. Заштитете ја нивната кожа од сонцето држејки ги во сенка и облекувајки ги во лесна памучна облека, капа, шешир. Внимавајте да не се случи прегревање. Користете производ кој има висок СПФ фактор со широк спектар. Заштитни производи со минерални филтри (цинк оксид и титаниум диоксид) се најсоодветно за чувствителната кожа на бебињата до 12 месечна возраст. Аплицирајте фотозаштита на секои 2 часа кога сте на отворено или на плажа, не се изложувајте на сонце во периодот од 12-16 часот, кога сончевите зраци се најинтензивни.
 
 
Weleda Edelweiss сончевата линија за бебиња и деца содржи двојна заштита:
– висока УВ заштита со помош на минерални филтри
– клеточна заштита од природниот состав богат со антиоксиданси
Минералните УВ филтри (титаниум диоксид) оставаат водоотпорен слој кој ги рефлектира сончевите зраци како ефект на огледало. Важно е дека овие честитчки се не-нано и не се апсорбираат во кожата, дополнително белиот слој е индикатор за целосна и правилна апликација.
Покрај не-нано минаралните филтри, природната формулација со екстракти од еделвајс,со своите моќни антиоксидативни својства ја заштитува кожата од делот на сончевиот спектар кој има штетно дејство и ја зајакнува одбрамбената бариера на кожата, кокосово и сончогледово масло од органско производство ја хидрираат кожата.
 
  • Соодветни за деликатната бебешка кожа.
  • Висока фотозаштита од моментот на нанесување.
  •  Минерални УВ филтри (титаниум диоксид) кои ги рефлектираат сончевите зраци и оставаат водоотпорен слој.
  • Дерматолошки и клинички докажана толеранција.
  • Природен избор за безбедна игра под сонцето.
    Производите може да ги најдете кај: Weleda Macedonia

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.