Home » Лохија – Постпартум крварење

Лохија – Постпартум крварење

by mamma.mk

Носењето на бебенцето на овој свет е момент кој го менува животот и претставува единствено искуство за родителите.

Но, освен сите промени во вашиот живот, вашето тело исто така се менува по бременоста и породувањето, обично тоа трае 4 – 6 недели и се нарекува постпартум период.

Постпартум крварење или лохија претставува вагинален исцедок составен од крв, слуз и ткиво на матката, што се јавува во периодот по породувањето.

Крварењето започнува веднаш по породувањето, од местото каде што плацентата била прикачена. Ова крварење наречено лохија е слично на пообемен менструален циклус.

Откако ќе се увери дека иницијалното крварење е под контрола, вашиот лекар можеби ќе го мониторира вашето крварење периодично, и може да го масира вашиот фундус ( горниот дел од матката).

Постнаталното крварење обично трае 4 до 6 недели по породувањето и постепено се намалува и станува посветло.

За лохијата може да користите санитарни влошки кои се наменети за оваа употреба и треба да ги менувате редовно,  но препорачливо е да се избегнува употребата на тампони во овој период поради настанувањето на инфекции.

Крварењето напредува низ три фази:

Lochia rubra е првичниот исцедок кој е составен од крв, парчиња фетални мембрани, верникс, лануго и друго. Има црвена боја поради количината на крв што ја содржи. Ова крварење обично трае  од 3 до 5 дена по породувањето.

Lochia serosa е се нарекува вагиналниот исцедок кој е поразреден  и има кафеава или розова боја. Содржи еритроцити, леукоцити, цервикална слуз и микроорганизми и друго. Обично овој вид на исцедок продолжува до околу десеттиот ден по породувањето.

Lochia alba  е термин за вагиналниот исцедок кога ќе стане белузлав или жолтеникаво-бел. Содржи помалку црвени крвни зрнца и главно се состои од леукоцити, епителни клетки,  масти, слуз и микроорганизми итн. Обично трае од втората до шестата недела по породувањето.

Доколу количината на крварењето  е значителна и ве загрижува консултирајте се со вашиот лекар.

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.