Home » Зошто е важно да се информирате? Затоа што ова е ден кој ќе го паметите засекогаш…

Зошто е важно да се информирате? Затоа што ова е ден кој ќе го паметите засекогаш…

by mamma.mk

Едукацијата за трудници е навистина повеќе од само хоби за мене, тоа го правам со огромна љубов и посветеност со цел да им помогнам на трудниците  и семејствата да се информираат и да се подготват  за  бременоста, раѓањето и доаѓањето на свет на малото бебенце. Секое семејство е посебно и ќе прави свои уникатни избори, но има неколку работи кои би сакала да ви ги посочам како едукатор за породување, а можеби ќе ви бидат од корист да ги знаете во периодот кој следи.

  1. Секаква едукација за раѓањето ќе ви помогне …

Понекогаш се случува родителите да се исплашат бидејќи воопшто не знаат како функционира процесот на породување, не знаат што да очекуваат и се неподготвени за самиот чин, па се наоѓаат затекнати од тој процес. Дури и малку едукација може многу да ви помогне во процесот на породување и грижа за бебе. Верувам дека колку сте поподготвени, толку ќе бидете посигурни и поголема е шансата да имате позитивно искуство на раѓање. Ако не знаете од каде да започнете, можете да ја разгледате програмата за е-курсот за трудници на МАММА.мк, да читате книги, веб-страници, блогови со цел да се едуцирате.

Исто може да ги распрашате вашите блиски или вашиот лекар за се што ве интересира и да одберете каква едукација ќе ви биде најкорисна.

  1. ….сепак бидете свесни за изворот на вашите информации...

Секоја едукација е подобра отколку воопшто да не се информирате околу процесите и периодот кој ви предстои, но сметам дека важно е да се земе предвид и изворот на информацијата. Со толку многу содржини на интернет, лесно е да се изгубиме во морето од информации. Најдобро е да се едуцирате преку книги или страници пишувани од квалификувани професионалци. Пријателите, семејството, форумите и собите за чет се одлично место за пристап до информации, но нивната точност не можете да ја гарантирате бидејќи често  станува збор за лични искуства и мислења, кои можеби нема да бидат соодветни во вашата ситуација, а може и да наидете и на неточни информациии кои наместо да ве смират ќе предизвикааат страв за одредени процеси.

  1. Пренаталната едукација не е само едукација за справување со болка при породувањето

Сакам да знаете дека часовите се корисни безразлика како и да планирате да го поминете вашето породување, тие се посветени на едукација за многу теми, како што се благосостојбата во бременоста, типичниот тек на настаните за раѓање, вашите избори, што да очекувате по раѓањето и грижата за новороденчето, грижата за мајката и доењето.

  1. Ова е ден кој ќе го паметите засекогаш…

Породувањето може да биде непредвидливо и може да наидете на изненадувања, затоа е важно да имате отворен ум за различни сценарија. Денот кога ќе се роди вашето дете е ден што ќе го паметите засекогаш, па затоа добра идеја е внимателно да ги разгледате вашите опции за породување однапред и да ги утврдите вашите избори во врска со породувањето, а потоа дискутирајте ги вашите избори и преференци со вашиот лекар.

Се надевам дека овие совети ќе ви помогнат да имате посреќно искуство и да можете да се навраќате на вашето искуство со убави спомени.

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.