Home » На кој начин може да бидете поддржани за време на породувањето?

На кој начин може да бидете поддржани за време на породувањето?

by mamma.mk
Поддршката на мајката за време на породувањето е од огромно значење и може да влијае врз нејзиното родилно искуство. Поддршката може да биде пружена на разни начини:
  1. Емоционална поддршка
Бременоста е емотивно тежок период. Стресот и анксиозноста се чести чувства во овој период. За да се  обезбеди емоционална поддршка на жената во овој период, треба да се разбере основната причина за нејзините чувства а тоа се физичките и емоционални  промени кои доаѓаат со бременоста. Како дел од емоционалната подршка на мајката се препораува активно слушање на мајката кое претставува една едноставна вештина која лесно се усвојува со цел да и се пружи подршка на мајката. Повеќето истражувања покажуваат дека жените сметаат дека емоционалната поддршка е инспиративна. Емоционалната поддршка може да вклучува  афирмации, уверување, покажување чувствителност кон стравовите на жената, зборување и пофалби за издржливост како и обезбедување духовна инспирација
  1. Физичка поддршка
Физичка поддршка за време на породувањето е од големо значење и може да се јави во форма на  техники за позиционирање,  масажа, нежни допири, потпора при менување позиции, топли облоги, притисок, триење. Истражувањата покажуваат дека постојаното физичко присуство на лице за поддршка обезбедува чувство на сигурност, така што и помага на жената да остане фокусирана. Овој вид на физичка поддршка може да биде ос страна на партнерот, дула, семејството во зависност од она што е дозволено како присуство во болницата во која се пораѓа мајката.
  1. Информативна поддршка
Информативната поддршка е одличен начин да и се помогне на идната мајка да се справи со стравот и вознемиреноста од бременоста. Сите стравови се преувеличени од непознатото а колку повеќе информации добива мајката за некоја состојба, симптом или непријатност, толку подобро таа ќе може да се справи со нејзината анксиозност и страв. Од исклучителна важност е мајката да има барем основни познавања од процесот за породување со цел да знае што и се случува и да не се најде затекната со што може да се зголеми нејзиниот страв и негативно да влијае врз нејзиното родилно искуство. Затоа сметам дека е од клучно значење мајката што повеќе да се информира а добар начин да го стори тоа е преку посетување на пренатален курс за трудници. Истражувањата потврдуваат дека подготовката за породување треба да започне во текот на пренаталниот период со едукација и просветлување на жените за процесот на раѓање и за достапните услуги за породување за да им се овозможи да донесуваат информирани одлуки.
  1. Самозастапување
Овој аспект ја означува подршката на жената да се самозастапува со цел да може да има некаква контрола, или барем  да може да се чувствува како да има поголема контрола врз нејзиниот процес на породување доколку личнота која ја подржува и помогне на мајката  да ги искаже своите желби на јасен и реален начин.

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.