Home » Опоравување по породување со царски рез

Опоравување по породување со царски рез

by mamma.mk

Постојат размислувања дека породувањето со царски рез е поврзано со помала болка и непријатност, но всушност вистината е дека и во двете опции за породување, болката е споредлива, иако различна.

Со цел да ви доловиме колку е важен периодот за подготовка за породувањето, како и колку е значаен и периодот на опоравување после тоа, ви подготвивме информации околу оваа тема.

Мнозинството жени на кои им предстои породување се повеќе или помалку сте загрижени од овој момент. Секако разбирлива е загриженоста и анксиозноста која ја имате, како и размислувањето како да се намалат или избегнат болките и можните компликации.

Што претставува царски рез?

Според митовите царскиот рез о добил името по Гај Јулиј Цезар, но бројни историски извори го побиваат ова тврдење. Се смета дека името на овој зафат е поврзано со латинскиот збор „caedere“, со значење сеча. Царски рез или оперативно породување претставува породување со хируршка интервенција, при што бебето се отстранува со засекување на ѕидовите на абдоменот и матката.

Анестезија при царски рез

При царскиот рез може да се користи општа или епидурална анестезија. По општата анестезија се будите по завршувањето на операцијата која обично трае околу еден час, а по  епидурална анестезија, се става бариера помеѓу оперативното поле и вашите очи за да не сте под стрес гледајќи ја интервенцијата, со овој начин ќе чувствувате допир, но нема да чувствувате болка.

Причини за царски рез

Може да дојде до царски рез од повеќе причини, на пример од причини кои зависат од мајката како дијабетес, хуман папилома вирус или претесна карлица итн. или пак од причини кои зависат од бебето, како на пример: прекумерна тежина, голем обем на главата, неправилна положба на бебето, мултипна бременост итн.

Понекогаш во некои ситуации царскиот рез може да биде потребен и под итно. Тоа може да се селучи кога мајката нема доволно силни контракции за време на породувањето за да му помогне на бебето да излезе или пак кога имаме некакво фетално страдање.

Закрепнување по царски рез

По царскиот рез обично, по проценка на вашиот лекар останувате во болница помеѓу четири и седум дена.

Во повеќето случаи закрепнувањето по царски рез, трае подолго од закрепнувањето по природно породување. Опоравувањето по царски рез може и во следните неколку месеци давлијае и да ја ограничи способноста на мајката во грижата за своето малечко.

Ризиците во овој период исто така не се мали, што бара долг период на следење од страна на матичните специјалисти. Повеќето породилишта ќе ви дадат список за да подготвите сè што ви треба за вашиот престој во болница. Не заборавајте да го вклучите Theresienoil Med во оваа листа, тој ќе ви биде непроценлив помошник!

Топла препорака за Theresienoil Med

Theresienoil Med е растително масло кое содржи билни екстракти и природни масти. Со својот непроценлив состав, Theresienoil Med промовира правилно и брзо заздравување преку забрзување на епителизацијата, намалување на болката и игра улога во спречувањето на формирањето лузни.

Генерално, побрзо ќе закрепнете за да можете да се чувствувате здрави и способни да се грижите завашето малечко. Освен то самото намалување на болката и забрзувањето на физичкото закрепнување ќе влијае на вашиот целокупен ментален статус.

Theresienoil Med има и други примени – на пр. можете да го користите во првите денови од доењето, кога брадавиците се отечени, црвени, болни, па дури и разранети. Ова дури може да ве спречи да доите, а знаеме дека нема ништо повредно од мајчиното млеко, особено во првите денови и месеци од животот на бебето. Нанесете капка од производот после тоалета – и веднаш ќе го почувствувате неговиот моментален ефект. Theresienoil Med ќе помогне да се забрза закрепнувањето по породувањето со царски рез. Во неговото дејство ќе најдете верен помошник и партнер во многу ситуации! Пред употреба консултирајте се со вашиот лекар.

Theresienoil Med може да го набавите на следниот линк: https://aptekibruno.mk/proizvodi/theresienol-med/

Поврзани мислења

×

Користењето на овој курс е дозволено само за лицето на кое му е одобрен пристапот и секакво споделување на тој пристап ќе се смета за повреда на правата на интелектуална сопственост на Друштвото за услуги МАММА ПРЕНАТАЛ ДООЕЛ, Скопје.

Секакво споделување, преснимување, преземање или користење на материјалите надвор од рамките на е-курсот, ќе се смета за повреда на правата за интелектуална сопственост на МАММА Пренатал и може да вклучува правни мерки за истата.